Поучна приказна: Мало момче се среќава со Бог

Поучна приказна: Мало момче се среќава со Бог

Некогаш си живеело едно мало момче кое сакало да се сретне со Бог. Тоа знаело дека го чека долг пат, па го спакувало својот куфер и го почнало своето патување. Кога поминало неколку километри, сретнало една стара жена која седела во паркот, зјапајќи во некои гулаби. Момчето седнало до неа и го отворило куферот за да земе пијалак, кога забележало дека старата жена изгледа гладна, па ѝ понудило дел од својата храна. Таа со благодарност ја прифатила и му се насмевнала. Нејзината насмевка била толку убава што момчето сакало да ја види повторно, па ѝ понудил нешто за пиење, по што жената уште еднаш му се насмевнала. Момчето било воодушевено од ова, па тие поминале едно цело попладне заедно, јадејќи и смеејќи се, без да изговорат ниту еден збор.

Поучна приказна: Мало момче се среќава со Бог

Како што се стемнувало, момчето сфатило дека е изморено, па тргнало да си оди, но откако направило неколку чекори, се свртело и се стрчало кон старицата, па ја прегрнало. Таа тогаш му ја подарила најголемата насмевка. Кога момчето по одредено време стигнало дома, неговата мајка била изненадена од изгледот што тоа го имало на неговото лице, па го прашала: „Што направи денес што си толку среќен?“ Тоа одговорило: „Ручав со Бог.“ Но, пред да може да одговори неговата мајка, додало: „Знаеш што? Таа ја има најубавата насмевка што некогаш сум ја видел!“

Во меѓувреме, старицата исто така радосна се вратила во својот дом. Нејзиниот син бил изненаден од изгледот на нејзиното лице, па ја прашал: „Мајко, што направи денес што си толку среќна?“ Таа одговорила: „Јадев во паркот со Бог.“ Но пред да му дозволи на синот да каже што било, таа додала: „Знаеш, тој е многу помлад отколку што очекував.“

Поука: Бог е насекаде. Ние само треба да ја споделиме нашата среќа и да направиме другите да се насмевнат, за да го почувствуваме тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар