Поучна приказна: Мајката со скршено срце
Како и поголемиот дел од старите луѓе, така и оваа мајка не се разбирала многу во мобилните телефони. Токму затоа и не знаела дали работи како што треба оној кој неодамна го набавила. Таа по некое време дури заклучила и дека најверојатно е расипан.
Со цел да открие што се случува со нејзиниот уред, таа излегла од својот дом и долго време одела со цел да најде некој кој се занимава со мобилни телефони. Таа сакала некој да ѝ го поправи телефонот, па затоа и не се откажувала од својата потрага, дури и покрај тоа што одела цел ден. Кога конечно нашла сервис, веќе било доцна бидејќи бил затворен. Следното утро решила да се обиде повторно, па излегла порано од дома со цел да го најде сервисот и мајсторот кој би можел да ѝ помогне. Овој пат, таа успеала да стигне на време и влегла внатре.
„Господине, можете ли да го поправите мојот телефон?“ – го замолила таа.
Човекот го земал нејзиниот телефон и набрзина го разгледал, па одговорил: „Госпоѓо, вашиот телефон е сосема во ред.“
Во истиот момент солзи почнале да паѓаат по нејзиното лице и таа тивко проговорила: „Па, зошто тогаш моите деца никогаш не ми се јавуваат?“