Поучна приказна: Љубовта на мајката кон својот син

Поучна приказна: Љубовта на мајката кон својот син

Еден ден Томас Едисон се вратил дома и ѝ дал еден лист хартија на неговата мајка, па ѝ рекол: „Мојот учител ми го даде овој лист хартија и ми рече да ѝ го дадам само на мојата мајка.“ Очите на неговата мајка се наполниле со солзи како што таа го читала гласно писмото пред својот син: „Вашиот син е гениј. Ова училиште е премногу мало за него и нема доволно добри учители за да го подучуваат. Ве молиме да го учите самите вие.“

Поучна приказна: Љубовта на мајката кон својот син

Многу години по смртта на мајката на Едисон, тој станал еден од најголемите изумители на векот. Еден ден тој пребарувал низ старите шкафови и го пронашол писмото што пред многу години му го дал неговиот учител за неговата мајка, па го отворил. Во писмото пишувало: „Вашиот син е ментално болен. Ние не можеме да дозволиме повеќе да го посетува нашето училиште. Тој е избркан.“

Едисон бил преплавен од емоции додека го читал ова, па потоа запишал во својот дневник: „Томас Алва Едисон бил ментално болно дете чијашто мајка го претворила во гениј на векот.“

Поука: Љубовта и образованието добиени од мајката може да ја променат судбината на нејзиното дете!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар