Поучна приказна: Љубовта и каењето во животот

Поучна приказна: Љубовта и каењето во животот

Некогаш во еден мал град си живеела една едноставна девојка која имала многу соништа и едно момче кое имало успешна кариера. Судбината ги споила, па тие брзо се заљубиле еден во друг. За неа, тој бил сѐ. Ја разбирал повеќе од кој било друг и сакал да ѝ обезбеди сѐ што е добро за неа, а таа сакала да го направи многу среќен.

Поучна приказна: Љубовта и каењето во животот

Момчето сакало таа да стане независна и да ја научи како да се справи со суровата реалност во општеството, а и да изгради своја кариера, за да може во иднина да преживее. Тој постојано ѝ бил водич и ја терал да учи од своите грешки. Со текот на времето, таа станала успешна, па многу други момчиња покажале интерес за неа, бидејќи исто така била и премногу убава. Како што минувало времето, таа станувала сѐ повеќе сигурна во себе и нејзината кариера го достигнала врвот. А момчето, како и секогаш, било до неа, сѐ уште поттикнувајќи ја за уште поголем напредок. Сепак, девојката повеќе не ги сакала неговите совети, затоа што чувствувала дека самата е поспособна да реши што треба да прави. Со текот на времето нивните караници се зголемувале, па таа го напуштила, велејќи му: „Не сакам секогаш да те слушам тебе, зашто можам и самата да одлучам што е добро за мене. Јас сум успешна и има многу момчиња кои би ме прифатиле онаква каква што сум, па ако не ти се допаѓам, тогаш исчезни!“

Тој се почувствувал повредено, затоа што не можел да разбере како може да му го направи тоа девојката која ја знаел уште откако била едноставна и неуспешна. Тој секогаш сакал таа да биде независна и да доживее нови успеси. Така, пред да си замине, тој рекол: „Можеби твоето его станало толку големо што не можеш повеќе да ги гледаш моите чувства што ги имам кон тебе. Те сакав кога беше едноставна девојка без кариера и достигнати успеси. Мојата намера секогаш беше да те охрабрам, не да направам да се чувствуваш понижено. Можеби грешката е во мене, што и после толку време поминато заедно, не успеав да те убедам да разбереш колку ми значиш и што ти посакувам. Секогаш го мислев само најдоброто за тебе и сакав да постигнеш повеќе успеси од мене. Не сакав да ги направиш истите грешки што ги направив и јас. Тоа беше единствената причина што секогаш сакав да те водам… Ти посакувам да го пронајдеш она што отсекогаш си го посакувала.“

Поучна приказна: Љубовта и каењето во животот

Тој знаел дека и двајцата се создадени еден за друг и дека никој не може да ги направи толку среќни, како што се кога се заедно. Но, неговото срце било скршено и повеќе немал што да каже. Таа брзо го сфатила тоа, но било премногу доцна и до крајот на животот тие живееле жалејќи за своето разделување.

Поука: Само оние кои се грижат за вас ќе ви помогнат да го пронајдете вистинскиот пат во животот, така што ќе ве насочуваат и ќе ви помогнат да ги поправите своите грешки. Барем за миг помислете на минатото и на личноста која била дел од вашиот живот порано, но не и сега. Каде би биле денес ако таа личност не била покрај вас? Оставете ги егото и гневот, затоа што најверојатно ќе ве чинат нешто што би можело да биде многу позначајно во вашиот живот!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар