Поучна приказна: Лажните човечки верувања

Поучна приказна: Лажните човечки верувања

Еден човек поминувал покрај слонови и одеднаш застанал, збунет од фактот дека овие огромни суштества се чувани со само едно мало јаже заврзано на нивната предна нога. Тие немале ниту синџири, ниту кафези. Беше очигледно дека доколку сакале, тие би можеле во кое било време да се ослободат од своите окови, но поради некоја причина не го правеле тоа.

Поучна приказна: Лажните човечки верувања

Тој во близина го забележал нивниот тренер и му пристапил со прашањето зошто овие животни воопшто не се ни трудат да избегаат. Па, почнал да зборува тој. Кога беа многу млади и многу помали од сега, ги користевме истите јажиња за да ги врземе и на тие години беа доволни за да ги задржат. Како што растеа, така тие сè повеќе веруваа дека не можат да избегаат. Затоа сега, како возрасни, воопшто не се ни обидуваат да го направат тоа.“

Човекот останал без зборови. Овие животни би можеле во кое било време да се ослободат од своите јажиња, но не го прават тоа бидејќи веруваат дека не можат и дека се заглавени онаму каде што се.

Исто како животните, колкумина од вас поминуваат низ животот држејќи се за верувањето дека не можете да направите нешто само затоа што не сте успеале во минатото?

Поука: Неуспехот е дел од учењето. Вие никогаш не треба да се откажете од борењето во вашиот живот. Можеби нема секогаш да успевате, но не затоа што не можете да ја остварите вашата цел, туку затоа што е потребно да научите одредени лекции пред да можете да продолжите понатаму со вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар