Поучна приказна: Колку вреди една слика на платно?
Си бил еден многу богат човек кој имал син и голема страст кон сликарството. Таткото и синот имале многу уметнички дела во својата колекција, од Пикасо до Рафаело. Заедно им се воодушевувале на сликите од големите уметници. Но, тажната судбина на синот го одвела во војна. Тој бил многу храбар, но загинал во обид да го спаси неговиот соборец.
Откако ги дознал таквите вести, таткото почнал многу да тагува. По еден месец, некој затропал на неговата врата. Се појавил еден млад човек, кој држел големо патно во рацете.
„Господине, Вие не ме познавате. Јас сум војникот за кого вашиот син си го жртвуваше животот. Тој спаси многу животи тој ден, но додека се обидуваше да ме скрие на сигурно место, еден куршум го погоди во градите и тој почина истиот момент. Многу зборуваше за вас и вашата љубов кон сликарството“, рекол младичот.
Тој ги испружил рацете за да му го предаде платното на таткото.
„Знам дека не е многу и не сум некој уметник, но знам дека вашиот син би се радувал кога би го добиле ова“, продолжил младичот.
Таткото го земал платното. Тоа било портрет од син му што го насликал младиот војник. Со голема восхит забележал како војникот го отсликал карактерот на син му на сликата. Очите му се наполниле со солзи. Тој му се заблагодарил на младиот војник и му понудил да плати за сликата, но младичот не сакал ни да чуе. Таткото го ставил платното над неговите уметнички дела и секогаш кога некој ќе го посетел неговиот дом, тој го покажувал портретот на син му.
Неколку месеца подоцна, човекот починал и била објавена аукција на сите негови уметнички дела. Аукционерот го означил почетокот на аукцијата.
„Почнуваме со аукција за портретот ’Син’. Кој ја дава првата понудата?“
Молк. Одеднаш некој извикал од длабочините на салата.
„Ги сакаме величенствените слики. Заборавете на оваа!“
Аукционерот бил упорен.
„Нуди ли некој нешто за оваа слика? 10 евра? 20 евра?“, извикувал тој.
„Не дојдовме за таа слика, туку за Ван Гог, Пикасо…“, повторно извикал гласот.
„Кој го сака ’Синот’?“, продолжил аукционерот.
„Јас давам 5 евра за таа слика“, конечно се слушнал еден глас.
Тоа бил стариот семеен градинар. Човекот бил сиромашен и само толку пари можел да понуди.
„Имаме 5 евра! Кој дава 10?“, понудил аукционерот.
Луѓето почнале да стануваат вознемирени. Никој не ја сакал сликата „Синот“. Тогаш аукционерот удрил со чеканчето.
„Продадено за 5 евра!“
„Ајде да почнеме со колекцијата!“, викнал некој.
Аукционерот го оставил чеканчето и рекол:
„Дами и господа, многу ми е жал, но тоа е крајот на аукцијата. Во тестаментот на сопственикот беше наведена една тајна која не смееше да се открива, сѐ до овој момент. Само сликата „Син“ требаше да биде ставена на аукција. Оној кој ќе ја купи станува наследник на целиот имот, вклучувајќи ги и величенствените слики! Човекот кој го купи портретот добива сѐ.“
Работите што нам ни се чинат безвредни, некому му значат сѐ. Понекогаш емоционалната вредност е многу поголема од материјалната. И најскапата уметничка слика на светот нема да ни значи ништо, доколку не сме емоционално поврзани со неа.
Прочитајте ја и следнава поучна приказна за да дознаете колку навистина вредиме.