Поучна приказна: Како да се спречи галамата во семејството?

Поучна приказна: Како да се спречи галамата во семејството?

Луѓето секогаш го посакуваат она што го немаат, сѐ додека не го изгубат и она што го имале, па дури тогаш конечно сфаќаат колку тоа всушност било драгоцено. Следнава приказна ќе ве поучи дека секогаш треба да бидете задоволни со вашиот живот, бидејќи нештата можат да бидат многу полоши. Нормално дека треба да се стремите кон повеќе, но никогаш не треба да заборавате да изразите благодарност за она што веќе го имате.

Поучна приказна: Како да се спречи галамата во семејството?

Во едно село живеел еден учител кого сите го почитувале и му се обраќале за совет. Еден ден, кај него дошол млад човек:

„Имам жена и пет деца. Сите галамат, викаат, урлаат… Не може да се живее со нив.“

„Ќе направиш сѐ што ќе ти кажам, без да се посомневаш?“, го прашал учителот.

„Да, само помогнете ми, ве преколнувам!“, беспомошно извикал младичот.

На тоа учителот благо се насмевнал и го поставил следново прашање:

„Во ред. Имаш добиток?“

„Да. Имам и добиток и живина“, одговорил младиот човек.

„Одлично. Внеси ги сите внатре во куќата. И добитокот и живината, сите внеси ги во куќата, а по една недела дојди да поразговараме.“

Човекот си отишол збунет, но решен да го послуша старецот. По недела дена се вратил кај учителот.

„Што е ова, учителе? Е сега е неподнослива галамата. А за изметот и смрдеата да не зборувам…“

„Во ред, полека. Изнеси го добитокот и живината од куќата. Нека остане само семејството. Дојди по една недела да поразговараме“, го советувал учителот.

По една недела човекот повторно отишол кај учителот.

„Леле, каква милина! Вистина е дека децата галамат и викаат, но после тоа… Ова е музика за уши!“

„Е, гледаш синко. Јас долго време се жалев затоа што немав чевли, сѐ додека еден ден не сретнав човек без нога“, одговорил учителот и задоволно се насмевнал.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар