Поучна приказна: Еве што може да научите од шегите!
Еден ден кралот го посетил Му Хак, додека тој бил во храмот Херјонг-са. Откако ги испратил своите чувари, кралот му се обратил на Му Хак:
„Поради преоптовареноста со државни работи не можам дури ни да се насмеам како што би сакал. Денес сакам да водам релаксиран разговор – без вообичаените формалности. Едноставно да уживаме во меѓусебното друштво.“
Му Хак на тоа му одговорил: „Ваше Височество, прво Вие кажете некоја шега за да го пробиете мразот.“ Кралот на тоа му рекол: „Важи. Му Хак личиш на гладна свиња која копа по ѓубрето.“ Му Хак се поклонил и рекол: „Ваше Височество, личите на Буда Шакјамуни кога беше на врвот Лешинар.“
Кралот, многу незадоволен од таквиот одговор му возвратил: „Јас тебе те споредив со свиња, зошто ти ме споредуваш со Буда?“, а Му Хак му рекол: „Затоа што свињата секогаш гледа свиња, а Буда секогаш го гледа Буда.“ Кралот прснал да се смее и на крај рекол: „Попаметен си од мене, ти признавам. Твојот одговор не е шега, туку е своевидно зен учење!“