Поучна приказна: Едно семејство и магаре
Живеел еднаш еден брачен пар кој имал 12-годишен син и едно магаре. Одлучиле малку да пропатуваат, да работат и да го запознаат светот, па тргнале на пат.
Кога дошле во првото село, луѓето коментирале: „Погледнете го она безобразно момче. Седнало на магарето, а родителите сироти го влечат.“ Жената тогаш му рекла на сопругот: „Нема да дозволиме луѓето вака да зборуваат за нашиот син.“
Кога дошле во друго село, луѓето мрмореле: „Видете го ова, срам нека му е на човекон, ги оставил жената и детето да го влечат магарето додека тој седи на него.“ Тие тогаш одлучиле жена му да седне на магарето, а мажот и синот да ги држат уздите.
Така пристигнале во третото село, но луѓето повторно коментирале: „Јаден човек! Цел ден работел, а жена му седнала на магарето. И јадно дете! Кој знае што го чека со таква мајка.“ Тогаш одлучиле сите тројца да се качат на магарето и да продолжат понатаму.
Кога дошле до следното село, ги слушнале мештаните како коментираат дека ќе му го скршат грбот на јадното магаре заради преголемата тежина. И тогаш сите тројца се симнале доле и одлучиле да одат покрај него.
Кога поминувале низ следното село, не можеле да веруваат во коментарите на луѓето кои со исмевање велеле: „Погледнете ги само овие три будали. Одат, а имаат магаре кое би можело да ги носи.“
Наравоучение: Секогаш ќе ве критикуваат и ќе зборуваат лошо за вас што и да направите.
Тешко е да им угодите на сите, а тешко е и да пронајдете личност која ќе биде добра баш онаква каква што е. Оној кој сака, секогаш ќе најде нешто да искоментира… Затоа, не обрнувајте им внимание на другите, бидејќи тешко дека на сите ќе им угодите. Сѐ што правите, правете од срце.