Поучна приказна: Двајца се караат, третиот добива

Поучна приказна: Двајца се караат, третиот добива

По завршувањето на голем шумски фестивал, две мачки се шетале низ дрвјата, предејќи една на друга. Во еден момент, една од мачките забележала голема торта и скокнала кон неа но ја промашила. Тогаш другата скокнала и ја фатила.

„Дај ми ја тортата, јас ја видов прва!“ – рекла првата мачка.

„Тргни се од неа, јас ја фатив!“ – свикала другата мачка.

Поучна приказна: Двајца се караат, третиот добива

Тие продолжиле со расправијата, а потоа почнале и да се тепаат. Но никако да најдат решение. Тогаш еден мајмун поминувал во близина и ги забележал будалестите мачки па си помислил да ја искористи дадената шанса.

Им се приближил на мачките и свикал силно:

„Не се карајте. Дајте ми ја тортата на мене и ќе ја поделам праведно.“

Тие веднаш се смириле и му ја подале тортата. Тој ја зел и потоа ја поделил на два дела, но ја протресол главата и рекол:

„Ох, леле. Едното парче е поголемо од другото.“

Мајмунот гризнал дел од поголемото парче, за да ги израмни, но изгледа претерал…

„Ох, леле. Сега ова парче е помало од другото.“

Тој продолжил со одгризувањето сè додека не ги изел и двата тела од тортата. Кутрите мачки биле разочарани, а мајмунот задоволно си го протрил полниот стомак.

Поука: Кога двајца се караат, третиот добива.

5 кратки приказни кои треба да ги читате секојдневно: Станете после секој пораз, а низ животот одете со мали чекори!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар