Претходно
Поучна приказна: Децата на Неговото Величество
Царскиот учител, подучувал мечување и духовно учење.
Неговиот дом бил секогаш отворен за бездомници. Тој имал само една наметка, бидејќи поради бездомниците секогаш бил сиромашен.
Гледајќи ги неговите изветвени алишта, Царот му дал пари на учителот да си купи нови. Но, следниот пат кога се сретнале, учителот повторно си ги носел старите.
„До каде е работата со новите алишта, учителу?“ – прашал Царот.
„Со парите набавив алишта за децата на Вашето Величество“ – одговорил учителот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.