Потрошувачката кошничка на луѓето низ светот
Во книгата „Hungry Planet“, Питер Мензел и Феит Далуисио презентираат една интересна студија направена низ фотографии, во која фамилии од различни држави прикажуваат што имаат на својата трпеза во текот на една седмица. За овој потфат тие посетиле 30 семејства во 24 држави, од Бутан и Босна до Мексико и Монголија и направиле една статистика околу неделните трошоци. Бидејќи пред краток период потрошувачката кошничка беше актуелна тема и кај нас, ова е одлична можност да се направи споредба. Ова се само еден дел од семејствата кои тие ги посетиле.
.
1. Семејството Меландер од Баргтaхајд, Германија (4 члена)
Неделни трошоци за храна: 500 долари
2. Семејството Ревис од Северна Каролина, САД (4 члена)
Неделни трошоци за храна: 342 долари
3. Семејството Укита од Кодаира, Јапонија (4 члена)
Неделни трошоци за храна: 317 долари
4. Семејството Манѕо од Сицилија, Италија (5 члена)
Неделни трошоци за храна: 261 долар
5. Семејството Беинтон од Вилтшир, Англија (4 члена)
Неделни трошоци за храна: 253 долари
6. Семејството Ал Хуган од Мадинат ал-Кувајт, Кувајт (8 члена)
Неделни трошоци за храна: 221,5 долари
7. Семејството Касалес од Куернавака, Мексико (5 члена)
Неделни трошоци за храна: 189 долари
.
8. Семејството Донг од Пекинг, Кина (4 члена)
Неделни трошоци за храна: 155 долари
9. Семејството Собченси од Констанцин Језиорна, Полска (5 члена)
Неделни трошоци за храна: 151 долар
10. Семејството Ахмед од Каиро, Египет (12 члена)
Неделни трошоци за храна: 68 долари
.
11. Семејството Батсури од Улан Батор, Монголија (4 члена)
Неделни трошоци за храна: 40 долари
12. Семејството Ајме од Тинго, Еквадор (9 члена)
Неделни трошоци за храна: 31,5 долари
.
13. Семејството Намгај од Шингки, Бутан (13 члена)
Неделни трошоци за храна: 5 долари
14. Семејството Абоубакар од Бегалски камп во Чад (6 члена)
Неделни трошоци за храна: 1,23 долари