Постојат ли генетски предиспозиции за отпор кон математика?
Стравот од математика има генетска компонента, според една нова студија која ќе биде објавена во Журналот за детска психологија и психијатрија. Избегнувањето на математичките проблеми и задачи од страна на децата и возрасните не се поврзани само со лоши искуства или несоодветно учење.
За да дојде до овој заклучок, студијата се фокусирала на истражување на анксиозноста која ја предизвикува математиката кај неколку групи составени од близнаци со цел да ја истражат генетската компонента. Це Вонг, водечкиот автор на оваа студија објаснува:
„Откривме дека анксиозноста предизвикана од математика се спојува со генетските предиспозиции на два начина: когнитивната перформанса на луѓето и нивната тенденција кон анксиозноста.“
Со други зборови, луѓето не доживуваат анксиозност од математика само поради тоа што општо реагираат на овој начин во животот, туку и затоа што имаат генетски ниски математички способности. Но, анксиозноста може исто така да пречи и во развивањето на оние математички способности кои луѓето може веќе ги поседуваат. Вонг продолжува:
„Доколку сте анксиозни, многу е потешко да решавате проблеми. Анксиозноста со својата појава потиснува одредени способности на луѓето. Ние мора да им помогнеме на децата да ги регулираат нивните емоции за да не ѝ дозволат на анксиозноста да ги спречи во постигнувањето на повисоки резултати по математика.“
Истражувањето открило дека околу 40% од анксиозноста предизвикана од математика доаѓа од генетски фактори кои се генерализирани истовремено и во општата тенденција кон доживување анксиозност и во когнитивните способности. Останатите 60% се поврзани со домашната околина, училиштето и други социјални фактори.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.