Постојат два вида луѓе: Оние кои пијат чај и оние кои пијат кафе

Постојат два вида луѓе: Оние кои пијат чај и оние кои пијат кафе

Веќе откривме дека жените можеме да ги поделиме во 2 групи, односно во оние кои пијат црвено и оние кои пијат бело вино. Но, постои уште еден начин на кој сите луѓе можат да се поделат – љубители на кафе и љубители на чај. Дали повеќе сакате да сте во движење или да мирувате? Дали преферирате да читате или да пишувате? Откријте што точно кажува за вашиот карактер пијалакот во кој секојдневно уживате…

Постојат два вида луѓе: Оние кои пијат чај и оние кои пијат кафе

1. Оние кои пијат чај медитираат; оние кои пијат кафе се лекуваат.

2. Оние кои пијат чај се слободни како нивните лисја; оние кои пијат кафе се приземјени како своите зрна.

3. Оние кои пијат чај работат побавно; оние кои пијат кафе секогаш се во брзање.

4. Оние кои пијат чај сакаат да одмараат; оние кои пијат кафе бараат возбуда.

5. Оние кои пијат чај обожаваат врнежливо време; оние кои пијат кафе обожаваат сонце.

6. Оние кои пијат чај ја гледаат шолјата половина полна; оние кои пијат кафе ја гледаат шолјата половина празна.

7. Оние кои пијат чај размислуваат надвор од границите; оние кои пијат кафе гледаат да ги завршуваат работите навреме.

8. Оние кои пијат чај немаат потреба од кофеин; оние кои пијат кафе, да можат, би си го инјектирале директно во крвотокот.

9. Оние кои пијат чај сакаат благ вкус; оние кои пијат кафе сакаат интензивен вкус.

10. Оние кои пијат чај сакаат да ги поминуваат своите вечери во кревет; оние кои пијат кафе сакаат да излегуваат.

11. Оние кои пијат чај си ги чуваат мислите во себе; оние кои пијат кафе ги запишуваат.

12. Оние кои пијат чај поставуваат прашања; оние кои пијат кафе ги одговараат.

13. Оние кои пијат чај делуваат смирено; оние кои пијат кафе делуваат замислено.

14. Оние кои пијат чај го прават тоа од уживање; оние кои пијат кафе го прават тоа со цел.

15. Оние кои пијат чај премолчуваат; оние кои пијат кафе се расправаат.

16. Оние кои пијат чај читаат, оние кои пијат кафе пишуваат.

17. Оние кои пијат чај имаат потреба од опуштање; оние кои пијат кафе имаат потреба од енергија.

18. Оние кои пијат чај уживаат во моментот; оние кои пијат кафе се насочени кон иднината.

19. Оние кои пијат чај го вкусуваат денот; оние кои пијат кафе го живеат целосно.

20. Оние кои пијат чај сакаат романса и фантазија; оние кои пијат кафе сакаат страст и ефикасност.

21. Оние кои пијат чај имаат специфични преференции; оние кои пијат кафе никогаш не дискриминираат.

22. Оние кои пијат чај можете да ги најдете во библиотека; оние кои пијат кафе можете да ги најдете во книжара.

23. Оние кои пијат чај се имагинативни; оние кои пијат кафе се продуктивни.

24. Оние кои пијат чај немаат проблем ако тој е преслаб; оние кои пијат кафе немаат проблем ако тоа е прејако.

25. Оние кои пијат чај сакаат порцелан; оние кои пијат кафе немаат проблем ни со картон.

26. Оние кои пијат чај се малку пикантни; оние кои пијат кафе се малку горки.

27. Оние кои пијат чај ве тешат кога сте болни; оние кои пијат кафе ве тешат кога сте уморни.

28. Оние кои пијат чај сакаат нежност; оние кои пијат кафе сакаат сила.

29. Оние кои пијат чај го сакаат утрото; оние кои пијат кафе ја сакаат ноќта.

30. Оние кои пијат чај имаат традиционален моден стил, оние кои пијат кафе ја следат модата во секој чекор.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Di Reply

    A postojat i treti sto pijat i kafe i caj

Остави коментар