Постојат 5 видови лица: Какво е вашето и што тоа кажува за вас?
Кинезите биле едни од првите народи кои почнале да се занимаваат со физиономија, па токму затоа и тоа имало силно влијание врз нивното сфаќање на медицината. Кинеските експерти верувале дека секоја црта од ликот одговара на некој внатрешен орган, па токму затоа и обрнувале многу внимание на линиите, лузните и младежите. Тие исто така особено многу внимавале и на разликата помеѓу левата страна од ликот, која ја претставува нашата вистинска личност и десната која ги претставува карактеристиките кои ги покажуваме на луѓето околу нас.
Според нив, постојат 5 видови луѓе кои се поделени според 5-те основни елементи. Погледнете како тие ги идентификуваат…
Метално лице
Металното лице е овално со широки и истакнати јаболкници, долг и тенок нос, високи веѓи, како и блед, провиден тен. Овие луѓе имаат силна волја и ум со кои сами и лесно ги решаваат своите проблеми. Тие се духовити, често привлечни на спротивниот пол и вредни, додека нивната склоност кон песимизмот и повремената завидливост се нивните најголеми маани.
Огнено лице
Секоја црта на лицето кај овие луѓе е истакната. Тие имаат долгнавесто лице полно со пеги, како и изразени јаболкници, брада и чело. Брзо се движат, брзо говорот и нивната енергичност им го издава ентузијазмот, авантуризмот и зависноста од адреналин.
Водено лице
Водените типови луѓе се познати по своите кружни и меки образи, големи очи и силна вилица. Тие се тивки, повлечени и често се водат од своите емоции, но исто така се и одлични соговорници кои знаат добро да слушаат. Иако делуваат несигурно, тие се навистина одлучни.
Земјено лице
Луѓето од овој тип се карактеризираат со јасни линии на своето кратко и четириаголно лице. Тие имаат жолтеникав тен, длабок глас и голема уста. Иако се практични и одговорни, тие се премногу склони кон грижење за туѓите и занемарување на себе.
Дрвено лице
Долгото, правоаголно лице, со долг нос, ниски образи, високо чело, како и тенки веѓи и коса се карактеристики на претставниците од оваа категорија. Тие најчесто се мислители, добри организатори и луѓе кои се подготвени на преземање голема одговорност.