Постојат 5 вида „фаќачки“ на бидермаери. Каде спаѓате вие?

Постојат 5 вида „фаќачки“ на бидермаери. Каде спаѓате вие?

За повеќето немажени дами, свадбите го достигнуваат својот врв кога невестата го фрла бидермаерот. Се верува дека девојката што ќе го фати ќе биде следната што ќе се омажи. Постојат 5 видови „фаќачки“ на бидермаери. Дали вие спаѓате негде?

Постојат 5 вида фаќачи на букети, каде спаѓате вие?

1. Дежурна

Возбудата со која му пристапува на фаќањето е навистина необјаснива со оглед на тоа што веќе има собрано повеќе бидермаери отколку што има книги на полиците. Сепак, таа навистина сака да биде запросена од момчето со коешто се заедно девет години. Стои најблиску што може и додека се мести за фаќање, подготвена е да ја сруши секоја „колешка“ што ќе ѝ застане на патот. Ќе си го скрши и забот, само бидермаерот да заврши во нејзините раце. Фотографијата со бидермаерот ќе ја објави на сите социјални мрежи.

2. Таинствена

Иако оваа година навистина сака да го изговори судбоносното „Да“, оваа дама нема никако да ја покаже нејзината намера. Сосема смирено ќе им се придружи на девојките кои со кренати раце го чекаат бидермаерот. Тивко ќе се пробие напред и ќе почне да проценува каде тој би завршил. Фотографијата на која позира со бидермаерот ќе ја објави на сите социјални мрежи.

3. Благодарам, но не благодарам

Додека сите немажени девојки едвај чекаат да го фатат бидермаерот, постојат и такви кои незаинтересирано седат на столот и оттаму ја гледаат целата претстава. Доколку бидермаерот случајно падне во нејзината чинија, таа само ќе го тргне. Нема фотографии на социјалните мрежи.

4. Натерана

Штом невестата ќе почне да се мести, на оваа дама сите ѝ дошепнуваат да им се придружи на немажените девојки. Помеѓу најупорните убедувачи често се наоѓа и нејзиниот дечко. Без волја ќе стане, но само ќе гледа наоколу и ќе чека да заврши гужвата. Потоа ќе си се врати на столот или ќе продолжи со играње.

5. Професионалец

Таа сака да се венча со нејзиниот дечко, па однапред се договорила со другарка ѝ да ѝ го фрли бидермаерот. Ќе биде навистина опуштена и ќе стои на позиција што невестата однапред ѝ ја има одредено. Кога ќе го фати бидермаерот, со извежбан изненаден израз на лицето ќе почне да се фотографира. Фотографиите ќе се најдат на сите социјални мрежи и сигурно ќе го вклучуваат и идниот младоженец.

Знаете ли за девојката што му приредила шега на момчето на денот на свадбата?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар