Постојат 4 вида луѓе и секој има своја боја: Која е вашата - сина, зелена, црвена или жолта?

Постојат 4 вида луѓе и секој има своја боја: Која е вашата – сина, зелена, црвена или жолта?

Според теоријата на темпераментот, сечиј карактер се состои од комбинација од сите четири бои, а двете доминантни претставуваат јадро на карактерот на една личност. Во принцип, зелените типови се независни мислители, жолтите се прагматични планери, црвените типови се ориентирани кон акција, а сините се ориентирани кон луѓето. Разбирањето на сопствениот темперамент е важно кога работите со другите. Секој има своја боја, но една може да биде доминантна во споредба со другите. Луѓето не се само во една боја, туку ги имаат сите четири бои. Но, некои бои доминираат повеќе од останатите.

Постојат 4 вида луѓе и секој има своја боја: Која е вашата - сина, зелена, црвена или жолта?

Сина

Овие личности се посветени, вредни и доверливи. Смислата на нивниот живот се состои од правила, јасна структура и внимание на детали. Тие не покажуваат емоции, поради што оставаат впечаток на дистанцирани и ладни луѓе. Овие луѓе живеат во хармонија и мир и се многу педантни.

Црвена

Овие луѓе сакаат предизвици и проблеми и се трудат да ги решат веднаш. Тие мора да бидат водачи, а конкуренцијата е многу силен мотивирачки елемент за нив. Тие се екстроверти, полни со желби и со големи апетити и го живеат животот со полни гради.

Зелена

Овие луѓе се мирни и нежни. Тие секогаш ги ставаат другите пред нив. Имаат изразена емоционална интелигенција, емпатични се и секогаш имаат разбирање за чувствата на другите луѓе. Многу се стабилни и се лојални работници, пријатели и партнери. Тие копнеат да бидат сакани. Бараат признание и одобрување за секојдневните работи што ги прават. Овие личности се приземјени и свесни се што мислат другите за нив. Добриот углед им е многу важен. Тие се лојални, приврзани и искрени.

Жолта

Овие личности ги сакаат животот и забавата, секогаш се ведри и весели. Тие се многу убедливи, слаткоречиви и отворени, па затоа се омилени во друштвото. Сакаат да бидат забележани, лесно градат социјални врски, исклучително се позитивни и спонтани. Тие сакаат да научат нови работи и вештини.

Црвените луѓе ќе ги препознаете по тоа што тие се лидери и се отворени, жолтите се насочени кон добрите односи со околината и со луѓето, сините сакаат точни броеви и математика, а зелените се оние кои секогаш се грижат за општото добро.

Погледнете ги овие 15 илустрации што покажуваат дека постојат два вида луѓе во светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар