Последните зборови на 7 легенди пред да починат: Како тие се збогувале со светот?
Никој не знае што точно се случува во моментите пред смртта. Можеби луѓето навистина го гледаат целиот свој живот пред очите, но можеби во главата им поминуваат и некои убави мисли. Погледнете ги 7-те изјави на луѓе кои никогаш нема да бидат заборавени, исто како нивните последни зборови…
1. „Не, навистина не можам.“
Американскиот претседател Џон Ф. Кенеди бил убиен на 22 ноември 1963 година додека се возел со својата сопруга, Џеки Кенеди, гувернерот на Тексас и неговата сопруга, Нели Конали. Конали, гледајќи во топлата луѓе рекла, „Не можете да кажете дека граѓаните на Далас не ви овозможиле убаво добредојде“, а на тоа еден момент пред атентатот, Кенеди ѝ одговорил, „Не, навистина не можам“.
2. „Имаш право. Време е. Сите ве сакам.“
Мајкл Лендон, е познат како саканиот татко во ТВ серијата „Мала куќа во преријата“, но тој и во реалноста бил семеен човек. Во последните денови од својот живот, Лендон бил опколен со своето семејство, 9-те деца и сопругата Синди. Пред да ги изговори своите последни зборови, тој побарал да биде насамо со неговата сопруга. Починал во 1991 година, од рак.
3. „Се надевам не ви здодеав.“
Ова била последната официјална изјава на легендарниот Елвис Пресли. Кралот на рокенролот починал од предозираност во својот дом, во август 1977 година. Неговите вистински последни зборови биле ветувањето кое ѝ го дал на својата свршеничка, Џинџер Алден, дека нема повторно да заспие на подот од тоалетот.
4. „Повторно ќе ја видам Мерлин.“
Џо Димаџио по смртта на својата поранешна сопруга, Мерлин Монро, која починала во 1962 година, уште 2 децении неколку пати неделно поставувал ружи на нејзиниот гроб. Тој починал во 1999 година, од рак на белите дробови.
5. „Вечерва си одам.“
Џејмс Браун починал од срцев удар во 2006 година, а неговите последни зборови, „Вечерва си одам“, му ги кажал на својот менаџер.
6. „Пеколно добро се забавував и уживав во секој момент.“
Глумецот Ерол Флин ги изјавил овие горко слатки зборови неколку моменти пред да почине од срцев удар во 1959 година. Тој бил погребан со 6 шишиња виски.
7. „Никогаш не требаше да поминам од виски на мартини.“
Оваа изјава е наводно последната која ја изговорил легендарниот актер од филмот „Казабланка“, Хемфри Богарт, кој во 1957 година починал од рак. Некои извори тврдат дека неговите последни зборови всушност биле „Збогум, мала. Врати се побрзо“, кои биле упатени кон неговата сопруга Лорин Бекол која накратко ја напуштила неговата постела со цел да ги земе децата од училиште.