Последиците од критикувањето: Големите мудрости од мистичните индиски веди

Последиците од критикувањето: Големите мудрости од мистичните индиски веди

Според старите индиски верувања, кога критикуваме некоја личност, сета нивна негативна енергија и лоша карма ја преземаме на себе. Кој би сакал на своите рамена да ја носи, освен својата, и туѓата карма? Во тој контекст прочитајте ги највредните и најзначајните мудрости од познатите индиски веди кои ни говорат за природата на критиката и како таа влијае врз нашата среќа.

Последиците од критикувањето: Големите мудрости од мистичните индиски веди

„Незнајникот настојува да му наштети на мудриот со својата злоба, а правејќи го тоа, тој го презема товарот од гревот на мудриот, кој пак, го исфрлил од себе со простувањето на незнајникот.“

„Личноста која ја критикуваат не треба да критикува за возврат во знак на одмазда, бидејќи болката која ќе ја почувствува со примање на критиката, сама ќе го изеде критичарот и ќе ги поништи резултатите на неговите добри дела.“

„Во текот на својот живот, брахманот треба материјалниот живот да го смета за отров, а срамот за нектар. Ако некој научи да го толерира срамот, неговата вознемиреност ќе го повлече и среќно ќе спие, среќно ќе се разбуди и среќно ќе се движи. Личноста која го навредува, поради својот грев, ќе стане жалосна, а нејзината среќа ќе исчезне во овој и во следниот живот.“

„Оној кој фали некого во негово присуство, а го критикува зад грб, не е ништо подобро од кучето. Неговите шанси да се воздигне до повисоките планети во овој живот се целосно исчезнати.“

Оној кој останува толерантен и не станува лут, сигурно на себе ќе ја преземе добрата карма од оној кој го критикува, а неговите гревови (лошата карма) ќе се пренесат на лутиот.“

„Оној кој се впушта во славењето или критикувањето нечии материјални одлики или однесување, многу брзо ќе застрани од патот кој е во негов најдобар интерес, упатувајќи се во илузорната дуалност на овој свет.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар