После колку време луѓето размислуваат за промена на работното место и зошто е тоа така?

После колку време луѓето размислуваат за промена на работното место и зошто е тоа така?

Речиси секој од нас е полн со ентузијазам и мотивација на новото работно место, но едно истражување сакало да открие колку долго трае тоа чувство односно кога луѓето почнуваат да размислуваат за нова работа.

После колку време луѓето размислуваат за промена на работното место и зошто е тоа така?

Истражувањето опфатило 5.000 вработени возрасни лица и открило дека луѓето генерално можат да „издржат“ минимум една година на новото работно место, а во просек 18 месеци, пред да почнат да размислуваат за промена.

Се чини дека главните причини за тоа се чувството на вработените дека не се доволно ценети на работа и фрустрацијата од повисокото раководство на компанијата.

Тоа не звучи оптимистички, но статистиката покажала дека оние кои се префрлаат на ново работно место се генерално задоволни и дека само 3% проценти зажалиле за таквата одлука.

Топ 10 причини зошто луѓето бараат нова работа:

  • Никој не го вреднува придонесот на вработениот
  • Вработениот не е доволно платен
  • Условите за работа се влошуваат
  • Работата е премногу стресна
  • Не се задоволени очекувањата на вработениот
  • Вработениот работи премногу часови
  • Вработениот нема можност за напредок
  • Вработениот не се согласува со промените кои ги наметнало раководството
  • Работата повеќе не е предизвик

Ако се прашувате дали и вие сте ја достигнале оваа фаза, експертите препорачуваат да запишете како се чувствувате и што можете да направите за да ги решите евентуалните проблеми. Потоа, размислете дали сето ова може да се примени на вашата постоечка работа и дали можеби е подобро решение да барате нова.

Откако ги прочитавте резултатите од ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и кои знаци укажуваат на токсично работно место.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар