Поштарот кој изградил палата

Поштарот кој изградил палата

Оваа приказна започнува во 1979 година, кога Жозеф-Фердинанд Чевал (1836-1924), работел како рурален поштар во југоисточниот дел на Франција. Бидејќи неговата дневна рутина опфаќала пешачење околу 32 километри, претежно сам, тој често почнал да фантазира. Еден ден, пешачејќи се сопнал на мал варовнички камен. Воодушевен од неговата форма и изглед, го понел каменот дома. Наскоро, тој започнал патем да собира камења во неговите џебови и да ги носи во својот дом. Колекционирањето камења му станало зависност. Кога на неговата сопруга и станало досадно да му ги шие џебовите, тој решил да го промени начинот на транспорт и земал кофа. Кога и кофата веќе била мала да ги носи големите камења, тој земал количка.
Поштарот кој изградил палатаВо текот на наредните 33 години, тој и неговата жена од камењата го изградиле  еден од најстарите споменици на сите времиња, „Идеалната палата“ или „Palais Idéal“. Според неговите пресметки, биле потребни повеќе од 9.000 денови или 65.000 часови да се изгради палатата, која и ден денешен носи повеќе од 100.000 посетители годишно во здодевното село Отрив, кое се наоѓа јужно од Валанс. Палатата е долга 26 метри, а висината варира од 8 до 10 метри. Таа е микс од различни стилови, инспирирани од Христијанството и Худизмот.
Поштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палатаСо текот на времето палатата била завршена и започнала да привлекува внимание од сите краишта на светот. Познати уметници почнале да го посетуваат и да црпат инспирација од него. Почнала да се појавува и по медиуми, од разгледници до магазини.
Поштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палатаСепак, иако Чевал успеал да придонесе Отрив да се најде на картата на Франција, градските власти не дозволиле да се оствари неговата желба, тој и неговата сопруга да бидат закопани во палатата. Потоа, тој осум години поминал градејќи нова структура на локалните гробишта, која ја нарекол „Гробницата на тишината и вечното почивање“. Две години откако ја комплетирал и само неколку дена откако завршил со пишувањето на својата биографија, тој починал и бил погребан во новата градба.Поштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палата


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар