Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“

Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“

„Ван Гог е биполарен“ е ресторан инспириран од животот на легендарниот холандски пост-импресионист, Винсент ван Гог. Тој е лоциран во главниот град на Филипините, Манила, и е во сопственост на фотографот Џетро Рафаел, кој тврди дека страда од истото психичко нарушување, со кое долги години војувал познатиот гениј. Дијагнозата дека е биполарен (често менување на расположението), Рафаел ја добил пред околу 4 години.Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Куќата на Рафаел дење е негов скромен дом, а ноќе се претвора во „ресторан на среќата“. Така го нарекуваат, бидејќи во него се служи здрава, природна и органска храна, која го стимулира лачењето на серотонинот (хормон на среќата), допаминот и на адреналинот.

Тој открил дека ваквата исхрана му ја подобрува здравствената состојба, односно му ги намалува депресијата и лошото расположение. Токму затоа, своето откритие одлучил да го сподели со останатите, преку отворање на овој необичен ресторан. На менито се наоѓаат лични рецепти на Рафаел, кои најчесто содржат лосос, мед, зелка, мисирка…Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“

„Дознав дека кога сте анксиозни, депресивни, вознемирени, постојат состојки кои можат да ве смират и да ви го подобрат расположението. Мисирката е богата со триптофан, кој го инхибира гневот и компулсивното однесување. Зелката го активира серотонинот во мозокот и може да ја победи депресијата, мангото го намалува кортизолот, а дивиот мед ја елиминира вознемиреноста. Лососот пак, е богат со омега-3 масни киселини, кои исто така, можат да нè направат среќни. Јас готвам, тоа е дел од мојата терапија“, вели сопственикот на ресторанот.

Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Јадењата во ресторанот на Рафаел се именувани по познати личности, кои страдаат или страдале од биполарно однесување. Такви се писателката Вирџинија Вулф, актерите Кортни Лав и Мел Гибсон, американските претседатели Рузвелт, Клинтон и Линколн… Еве дел од специјалитетите:

1. Најбарана е „Салатата Лари Флинт“, која се служи во чест на истоимениот американскиот издавач. Таа се состои од зелка, солени јајца, парчиња зрело манго, чипс од банана, свеж босилек, индиски ореви, каперси… Сето тоа е прелиено со тајниот црн зеленчуков сос на Рафаел.

2. „Солзите на Вирџинија Вулф“ – станува збор за мисиркина супа со домашен банана чипс, лековити билки, моркови и цветови кои се јадат.

3. Овошен пијалак наречен „Кортни Лав – напиток на денот“. Тој е направен е од свежо овошје, екстракти од манго, лимон и краставица, листови од свежо нане и див мед.

4. Алкохолен напиток „Гревот на Мел Гибсон“ – содржи белгиско темно чоколадо, див мед, jagermeister (германски пијалак направен од 56 билки, зачини и корени) и орев.Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Атмосферата во ресторанот е надополнета со парчиња уметност од Рафаел и од други филипински уметници. Еден од ѕидовите е прекриен со најразлични пораки од гостите, во кои се искажани гнев, омраза, љубов, надеж… Тие понекогаш инсистираат во здравото и вкусно мени да уживаат на некоја од масите во дворот на „Ван Гог е биполарен“.

Денеска во ресторанот се чекаат редици за влез. Тој започнува со работа во 18 часот. А, на оние кои ќе дојдат после 22 часот, им следува и бесплатна супа. 🙂 Рафаел потенцира дека ресторанот е отворен за сите љубители на здравата храна, без разлика дали страдаат од некоја болест или не.Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар