Поранешен Инстаграм модел ги преработува своите објави за да ја покаже вистината зад фотографиите
Одмаздата на интернет моделот Есена Онил против социјалните мрежи е моќна. Кога станува збор за Инстаграм славни, постојат малку модели кои заработувале повеќе од оваа 18-годишна девојка од Австралија. Нејзиниот профил кој вклучува комбинација од пејзажи и фотографии од неа покрај водопади, достигнал скоро 580.000 следачи. Таа исто така имала и 260.000 претплатници на Јутјуб и 60.000 на Снепчет.
Сè тоа се случувало пред нејзиниот слом, кој резултирал со бришење на повеќе од 2.000 фотографии и неактивност на Јутјуб и Снепчет со цел да ја открие реалноста зад работата како модел на социјалните мрежи. Таа ги модификувала објавите на фотографиите кои ги оставила на Инстаграм со цел да открие низ што поминувала за нејзините фотографии да изгледаат толку совршени, а сепак спонтани.
Сите овие промени во објавите се одвиваат паралелно со појавата на нејзиниот нов веб-сајт „Let’s Be Game Changers“ кој досега се состои од лични блог постови, информации, форум и серија влогови против светот на моделите кои ви даваат точна слика за она што се случува во нејзиниот ум додека таа агресивно си оди од кариерата која успешно ја изградила.
Последното видео кое го објавила на сајтот е ова видео каде што таа го објаснува бизнисот на социјалните мрежи, како е да се работи како модел и што требало да се промени за таа да дојде до момент кога сметала дека откажувањето е единственото нешто што таа може да го направи за својата добросостојба.