Пораки со Браева азбука од сусам испишани на хамбургери
Синџирот ресторани за брза храна Wimply во Јужна Африка, своето мени го прошириле со хамбургери на кои со сусам се испишани интересни пораки со Браевата азбука. Целта на оваа автентична идеја е на гостите со оштетен вид да им овозможат поголемо уживање во дневниот оброк.Вештите готвачи внимателно ги пишуваат пораките, редејќи го сусамот со пинцета, зрнце по зрнце. „100% чисто говедско месо!“ е само една од низата пораки, кои гостите можат да ги прочитаат на вкусните хамбургери. По насмевката на нивните лица, во моментот кога ги читаат пораките, може да се заклучи дека идејата е успешна, а напорот не е залуден. Во следното видео може да ги погледнете нивните реакции и подготовката на хамбургерите:
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.