Порака за идните дипломци
Датум: 20 мај 2013
Коментари: 0
Патот до дипломата не е лесен, но дефинитивно е уникатно и неповторливо искуство кое се памети цел живот. Сепак, и тогаш кога ќе ја земеме дипломата в раце, напорната игра не завршува. Тогаш почнува нова, поинаква, дури и потешка. Затоа секој студент, пред да дипломира треба да биде свесен за патот кој треба да го изоди, за предизвиците со кои мора подготвено да се соочи и за она што го чека по последниот ден на факултет.
Ова стрипче е дело на Грант Снајдер и испраќа моќна порака за идните дипломци.