Порака од Космосот: Сконцентрирајте се и изберете број
За да ја пронајдете пораката од Универзумот која е совршена за вас, размислете една минута и фокусирајте се, потоа изберете број помеѓу 1 и 29. Откако ќе решите кој е вашиот број, прочитајте ја пораката што ви е испратена.
29 пораки од Универзумот кои ќе ја зголемат вашата самодоверба
1. Бидете свесни за вашата убавина. Треба да знаете дека вашето тело е создадено за да ви помогне да ја пронајдете вашата цел.
2. Сите сили што ви се потребни за да го насочите вашиот живот во посакуваната насока се во вас. Силата не е нешто што треба да го научите или да го добиете. Таа е во вас.
3. Вие сте неверојатно човечко суштество и заслужувате да ја имате целата среќа на светот.
4. Нема нешто што не можете да постигнете кога ќе сте фокусирани. Верувајте во вашите инстинкти и започнете да се движите во насоката што инстинктивно ќе ја изберете.
5. Сакајте се доволно за да им кажете „не“ на нештата што повеќе не ви се од корист. Не му должите никому објаснување за тоа, доволно е вашето искрено „не“.
6. Животот е секогаш полн со подеми и падови. Понекогаш победувате, понекогаш губите, но сето тоа е дел од играта.
7. Немојте да се казнувате. Едноставно извлечете го најдобро од тоа што го знаете.
8. Вие сте неверојатно достојни за убав, храбар, живот во изобилие, само треба да ги пронајдете тие работи и во себе.
9. Фокусирајте се на она што е убаво, а не на вашите недостатоци. Концентрирајте се на она што ви оди во прилог, а не на она што не функционира.
10. Вие сте неверојатно моќни. Само кога би можеле да го согледате дури и најмалиот дел од сопствената моќ, никогаш не би се согласиле на нешто помалку од тоа што го заслужувате.
11. Вредите онолку колку што верувате дека вредите. Не им дозволувајте на другите да ве третираат лошо само затоа што не им кажувате како вистински се чувствувате.
12. На другите може да им бидете препрека само ако легнете.
13. Никој не може да ви ја одземе моќта. Тоа е илузија и лажно ограничување што самите го создавате. Може да ја искористите вашата моќ во моментот кога ќе сфатите дека ја имате.
14. Вие не сте дефинирани според она што другите го мислат за вас. Вие сте дефинирани според начинот на кој самите се гледате себеси.
15. Како може да очекувате од другите да ве прифатат ако вие самите не се прифаќате?
16. Самопотврдувањето не лежи во достигнувањата, успехот, парите или убавиот автомобил. Вашата самопотврда е во вас. Сè друго е само залажување.
17. Кога се сакате себеси и знаете дека сте достојни, Универзумот ви одговара со тоа што ви овозможува повеќе.
18. Вашата самодовербата ви овозможува да кажете „да“ и „не“ кога сакате. Во суштина, да се има самодоверба значи да се живее автентично.
19. Вашата самодоверба нема никаква врска со она што го гледате во огледалото или со она што е на вашата банкарска сметка, тоа има врска со она што го чувствуваме во себе кога заспиваме.
20. Животот секогаш го рефлектира она што го чувствувате. Колку повеќе самодоверба имате, толку поголема вредност ќе увидите во искуствата што ги доживувате.
21. Никој не води сметка за вас онолку како што вие мислите. Луѓето не гледаат во вас и не ви се смеат. Повеќето луѓе мислат само на себе.
22. Вашата самодоверба може да се мери според тоа колку навистина се сакате себеси. Кога ќе почнете повеќе да се сакате себеси, автоматски ќе станете повредни.
23. Понекогаш се чувствувате вредно, а понекогаш не. Добро е, сè додека се сакате себеси.
24. Вие заслужувате работа, дружби и живот што ќе ви донесе среќа, радост и исполнетост.
25. Пронајдете прошка во срцето; не треба сè уште да ја носите болката и оптоварувањата од минатото. Вие вредите.
26. Не дојдовте на Земјата за да се сомневате во себе. Можеби немате сè и не сте добри во сè, но имате дарба. Само мора да ја пронајдете.
27. Кога преземате чекор кон зголемување на вашата самодоверба, целиот универзум ве поддржува. Само направете чекор и ќе видите колку можете.
28. Заслужувате изобилство, среќа и фантастичен живот. Единствената личност која треба да ја убедите во тоа сте самите вие.
29. Вие сте „чудото што се движи“. Повторувајте го тоа секој ден: „Јас сум чудо. Не е важно што другите мислат за мене или што мисли светот за мене. Универзумот е на моја страна и знам дека сум предодреден да бидам тука.”
Можеби сакате и да одберете подарок и да ја откриете тајната на вашата љубовна судбина.