Поради оваа причина ќе ја цените утринската шолја кафе уште повеќе

Поради оваа причина ќе ја цените утринската шолја кафе уште повеќе

Умереното пиење кафе го намалува ризикот од развој на рак на црниот дроб, покажува едно британско истражување.

Поради оваа причина ќе ја цените утринската шолја кафе уште повеќе

Научниците од Универзитетот во Единбург и од Универзитетот во Саутемптон ги проучувале медицинските податоци на речиси половина милион здрави луѓе и заклучиле дека „пиењето секаков вид кафе го намалува ризикот од развој на хронични заболувања на црниот дроб“.

Оливер Кенеди, главниот автор на истражувањето чии резултати беа објавени во списанието „BioMedCentral“, вели дека кафето може да биде „потенцијално средство за спречување хронични заболувања на црниот дроб“.

Луѓето кои консумирале кафе умерено имале за 20 проценти помал ризик од развој на замастен црн дроб и 49 проценти помал ризик од смрт од некои хронични заболувања на црниот дроб, во споредба со луѓето кои не пиеле кафе.

Но, научниците истакнуваат дека и во овој случај, клучна е умереноста.

Според научниците, за црниот дроб е најдобро да пиете три до четири шолји кафе дневно.

Прочитајте зошто кафето наутро може да биде подобро од чајот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар