Популарни блогови од познатите личности

Популарни блогови од познатите личности

Автор: Софија Сионова

Изненадувачки, има многу прекрасни блогови кои ги водат познати личности. Таму, тие зборуваат за мода, убавина, здравје и сѐ останато како и обичните луѓе. Убаво е да видиме дека и познатите личности даваат корисни совети и имаат проблеми како и нормалните луѓе. Погледнете ги некои од блоговите на познатите:

1. Шеј Мичел и Микаела Блени

Ѕвездата од „Слатки мали лажливки“, Шеј Мичел (Емили), заедно со Микаела Блени дискутираат за мода, готвење, фитнес и многу повеќе. Интересно за овој блог е што Мичел е во постојан контакт со нејзините фанови. Шеј постојано има обожаватели/читатели кои поднесуваат рецепти и потоа таа ги објавува. Ова е само еден од многуте вакви блогови кои ги водат познати личности.

1-popularni-blogovi-od-poznatite-lichnosti-kafepauza.mk

2. Никол „Снуки“ Полици

Ова е еден интересен сајт кој на многу луѓе им е омилен. Таа секогаш објавува забавни содржини и често пишува за својот син, Лоренцо. Во текот на нејзината втора бременост, таа објави многу корисни совети за идните мајки.

2-popularni-blogovi-od-poznatite-lichnosti-kafepauza.mk

3. Лорен Конрад

Позната како модна блогерка, зависник од мода и моден креатор, Конрад веќе ја освои публиката со нејзините слатки креации и убави совети. Овој сајт веќе со години е популарен и многу е јасна причината зошто.

3-popularni-blogovi-od-poznatite-lichnosti-kafepauza.mk

4. Зои Дешанел

Основан од младата актерка Зои Дешанел заедно со продуцентката Софија Роси и интернет сензацијата Моли Мекалир. Ако сакате да читате за паметни, смешни и креативни жени тогаш ова е дефинитивно сајт кој многу ќе ви се допадне. Исто така има многу постови со „направи сам“ туторијали, теми поврзани со пријателствата, љубовта и врските, убавината, поп културата и за сѐ останато што жените сакаат да го читаат.

4-popularni-blogovi-od-poznatite-lichnosti-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар