Поплавената пустина во Бразил
Националниот парк „Lençóis Maranhenses“ се наоѓа во североисточниот дел на Бразил и претставува едно од најуникатните места на планетата. Огромниот предел од околу 1.000 квадратни километри е пустина со ситен бел песок, во која има безброј прекрасни оази.
Бидејќи се наоѓа во непосредна близина на амазонскиот базен, регионот е погоден од редовната дождлива сезона во почетокот на годината. Водата од дождот се акумулира во долините помеѓу песочни дини и формира јасно сини и зелени лагуни, кои се најголеми во периодот помеѓу јули и септември. Иако езерата ги нема во поголемиот дел од годината, сепак во нив можат да се забележат голем број риби, бидејќи нивните јајца од реката ги носат птиците.
Местото е создадено пред неколку илјадници години, како резултат на таложење на песокот кој го носел ветрот од реките во близина. Најдобар период за посета е периодот од мај до септември, кога времето е топло, а езерата полни.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.