Помеѓу науката и злосторството: Ова се најбизарните експерименти некогаш направени

Помеѓу науката и злосторството: Ова се најбизарните експерименти некогаш направени

Романот „Франкенштајн“ на англиската писателка Мери Шели, честопати се сфаќа како метафорична претстава на човековите стравови и желби за знаење, кои понекогаш ги преминуваат етичките граници. Сепак, како што тоа се случува во светот на фантазиите, така секогаш ќе се најде некој кој истите ќе ги сфати премногу сериозно. Како резултат на тоа, во историјата се забележани неколку примери кога лекарите и научниците навистина се обиделе да го надминат доктор Франкенштајн, а ова се некои од најчудните и најстрашните експерименти кои некогаш биле спроведени.

Помеѓу науката и злосторството: Ова се најчудните експерименти кои некогаш биле направени

1. Глувче со човечко уво

Во 1997 година едно глувче послужило како предмет во еден навистина необичен експеримент. Имено, научниците на грбот на глувчето на ‘рбетниот полимер вградиле човечко уво, со цел да утврдат дали е можно одгледување човечки ткива кај глодачите. Експериментот покренал понатамошни истражувања, а покрај тоа што е чудно, ова се смета за многу важно во науката.

Помеѓу науката и злосторството: Ова се најчудните експерименти кои некогаш биле направени

2. Спојување на две кучиња

Владимир Демиков бил советски научник, специјализиран за трансплантација на делови од телото на животните. Демиков извршувал трансплантација од триесеттите до шеесеттите години. Иако денес се смета дека бил значаен во трансплантационата хирургија, експериментите кои ги спроведувал на кучињата оставиле сериозна дамка на неговиот углед. Можеби најголем впечаток оставил експериментот во кој Демиков се обидел да спои две кучиња. Тој успешно споил 9-годишно куче со поголемо. Бидејќи двете глави не биле во можност да се хранат самостојно, кучето починало по четири дена.

Помеѓу науката и злосторството: Ова се најчудните експерименти кои некогаш биле направени

3. Првата светска војна и пластичната хирургија

За време на првата светска војна, на многу војници им биле потребни операции за да им се отстранат лузните од куршумите, ножевите и слично. Иако визуелно шокантни, овие операции биле многу напредни за во своето време. Еден од најпознатите пациенти бил поручникот Вилијам Спрекли кој е запаметен како првиот човек во историјата кој имал естетска операција на носот.

Помеѓу науката и злосторството: Ова се најчудните експерименти кои некогаш биле направени

4. Светлечки свињи

Во текот на изминатите сто години, научниците се обиделе да модификуваат цел организам, така што ќе свети во мракот. Сепак, можеби најшокантен пример претставуваат светечките свињи кои во 2006 година биле дизајнирани од страна на научниците од тајванскиот национален универзитет. Експериментот бил успешно извршен, а освен кожата на свињите, која светела во флуоресцентна зелена боја, научниците тврделе дека светат и нивните органи.

Помеѓу науката и злосторството: Ова се најчудните експерименти кои некогаш биле направени

5. Телефон од мачки

Во 1929 година, Ербест Глен Вивер и Чарлс Бреј се обиделе да претворат мачка во жива радиостаница. По отстранување на дел од черепот, Вивер прикачил една електрода за десниот аудитивен нерв, а другата за телото. Овие електроди ги споил со звучник во тивка просторија, со помош на 18-метарски кабел. Резултатот бил сѐ што ќе се изговори во увото на мачката, да излезе на звучникот во другата соба, а во студијата на Вивер било наведено дека квалитетот на звукот бил сосема чист.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар