Помалку познати факти за кучињата
Автор: Сања Стојковска
Речиси да нема човек што не ги сака кучињата. Во изборот на домашно милениче, најчесто децата, но и возрасните сакаат да имаат кутре од која било раса. Ќе ви претставиме некои помалку познати факти поврзани со кучињата кои накусо ќе ве анимираат и ќе ви овозможат да дознаете малку повеќе информации за нив.
1. На крајот на песната „Еден ден во животот“ (A Day in the Life), Пол Макартни снимил пискава свирка што само кучињата можат да ја слушнат. Ова било направено специјално за неговото куче Марта.
2. 58% од сопствениците на кучиња, ги вклучуваат нивните миленици во фотографиите од годишните одмори.
3. Во Исланд, чувањето куче како милениче е нелегално.
4. Некои раси на кучиња може да го идентификуваат ракот на белите дробови преку душкање на здивот на човекот.
5. Во САД, околу 1 милион сопственици на кучиња ги ставаат своите миленици на прво место во своите тестаменти.
6. Кучињата што живеат во град, живеат во просек 3 години повеќе од кучињата што живеат во село.
7. Добро е познато дека кучето е најдобриот пријател на човекот. Името Фидо кое многумина го користат како име за нивното милениче, потекнува од зборот fidelity што на латински значи верност.
8. Кучето на семејството на Волт Дизни, било пудлица и се викало Lady (Дама).
9. Кучето Фенг на Хагрид од Хари Потер е од расата неаполски мастиф, која е скоро изумрена после Втората светска војна.
10. Во првите 10 дена од животот, точките на далматинците не се гледаат и се наоѓаат на кожата под крзното. Потоа се зголемуваат и се појавуваат.
11. Спротивно на верувањата, пудлиците не се од француско потекло. Тие се германски кучиња кои многу бргу станале омилени за француската аристократија.
12. Кученцата се раѓаат без заби, глуви и слепи.
13. Во САД живеат најмногу кучиња, повеќе одошто во која било друга држава. Франција е втора на списокот.
14. Кучињата може да бидат корисни во надополнувањето на животот на децата со аутизам. Тренираните кучиња може да ја намалат тенденцијата за агресивност кај ваквите дечиња и да ги научат на чувство за независност.
15. Свежото и сувото грозје, доколку го конзумираат кучињата дури и во најмали количини, може да создаде сериозни оштетувања кај нивните бубрези.
16. Првото сетило што се развива кај кучињата е сетилото за допир.
17. Порано им го бричеле крзното на пудлиците за да ги направат подобри пливачи.
18. Истражувањата покажуваат дека доколку сте нервозни, галењето на вашето куче може да ви го намали крвниот притисок и да ве смири.
19. Типично куче има 42 постојани заби, додека просечниот човек има 32.
20. На 1 година, кучињата имаат степен на физички развој како луѓето на 15 години.
21. Доколку му се насмевнете или му се смеете на вашето куче, може да бидете погрешно разбрани затоа што тоа во тој момент не гледа насмеан израз, туку вашите заби како знак за агресија.
22. Најголем дел од кучињата имаат розови јазици како знак за добро здравје. Само кучињата чау-чау и оние од расата шар пеј имаат црни јазици, но тоа нема никаква врска со лоша здравствена состојба.
23. Кучињата од расата басет хаунд имаат најдолги уши. Нивната големина често изнесува помеѓу 18 и 25 см.
24. Кублај Хан, основачот на Династијата Јуан во античка Кина, поседувал 5.000 мастифи, што е најголемиот број на кучиња кои ги поседувал еден човек.
25. Од 12 кучиња колку што биле на Титаник, преживеале 3 – два мали померанци и еден пекинезер.