Полски суперспортист за перфектно ноќно возење
Аринера е полски производител на автомобили кој сè уште не го пуштил во продажба својот прв модел, но според она што може да се насети од нивниот прв концепт, тие ќе можат рамноправно да се носат со останатите супербрзи автомобили.Дизајнот на Аринера се одликува со остри и динамични линии, карактеристични за секој суперспортист. Моторот со 650 коњски сили обезбедува максимална брзина од 340 км/ч и забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,2 секунди. Импресионира и можноста при брзина од 300 км/ч Аринерата да биде запрена за помалку од седум секунди.Сепак, она што овој модел го издвојува од останатите е термалната камера сместена под левото предно светло која е приспособена за ноќно гледање. Со нејзина помош, возачот на мал екран сместен веднаш под ветробранското стакло може да добие јасна слика за она што се случува пред него во ноќни услови.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.