Половина од нашето тело воопшто не е човечко

Половина од нашето тело воопшто не е човечко

Од целото наше тело, само 43% е изградено од човечки клетки, а остатокот е вода, микроорганизми и други живи едноклеточни организми. Ова сознание може да донесе многу промени во медицинскиот пристап на лечење.

Половина од нашето тело воопшто не е човечко

Група биолози, по долги истражувања, заклучиле дека без разлика колку се бањаме и одржуваме хигиена, на површината на нашата кожа постојат микроорганизми без кои не можеме да функционираме. Во оваа симбиоза, благодарение на која сме живи и која помага организмот правилно да работи, човечките клетки зафаќаат 43% од вкупниот број. Иако оваа информација може да биде доста збунувачка, професори од Институтот Макс Планк објаснуваат зошто оваа појава е сосема нормална.

Уште од најрана возраст, на часовите по запознавање на природата, учиме дека две третини од нашето тело се составени од вода. Во нашето тело, исто така, постојат градбени клетки кои ги носат нашите гени, но во исто време сме и дом на голем број микроорганизми, вируси, бактерии, па дури и габи.

Половина од нашето тело воопшто не е човечко

Професор при Универзитетот во Сан Диего, Калифорнија, изјавил дека луѓето се повеќе микроби, отколку луѓе. Ако претходно се сметаше дека соодносот меѓу човечки клетки и микроорганизми е 10:1, сега, благодарение на новите сознанија, може да се каже дека овој број е изедначен.

Дури и на ниво на клетките, постојат живи материи (микробиоми) кои ги поврзуваат синџирите на нашата ДНК во целина. Истото се случува и во бактериите кои ги имаме во и на себе, а кои се клучни за правилно да функционираме. Така, може да се заклучи дека нашето тело е група од клетки, микроорганизми и материи, благодарение на кои можеме да бидеме она што сме од биолошки аспект – луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар