Полничките жени можат да одгледаат попаметни деца
Едно ново истражување покажало дека полничките жени имаат поголем потенцијал да одгледаат попаметни деца и тоа токму поради вишокот на мастите. Нивната предност била во тоа што за време на доењето на мајката ѝ е потребна поголема количина на масти за да му ги пренесе на детето за тоа да може подобро да го изгради својот нервен систем.
„Вишокот на масти во колковите, бедрата и задникот е магацин за градење на детскиот мозок. Потребни се многу масти за изградба на нервниот систем, а мастите во овие делови се збогатени и со докозахексанонска киселина, која што е важен дел од човечкиот мозок“, вели проф. Вил Ласек, лидерот на групата истражувачи од Универзитетот Питсбург кои ја извеле оваа студија.
Ласек понатаму објаснува дека жените еволуирале со цел да ги задржат мастите на овие делови од телото сè до раѓањето. Тогаш тие го напуштаат телото преку процесот на доење, па затоа многу жени губат килограми за време на доењето. Исто така, тоа е причината зошто многу од мажите преферираат девојки со облини – тие всушност сметаат дека таквите жени можат да им дадат попаметни деца.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.