Полицаец споделува 5 приказни кои покажуваат низ што минуваат овие луѓе секој ден
Да бидете полицаец може да биде една од најтешките професии. Ќе бидете постојано соочени со опасност и воопшто нема да ви биде лесно. Еден полицаец од Северна Каролина одлучил да сподели неколку искуства од неговото работно место. Полицаецот Крис се изненадил од вниманието што го привлекол со неговите приказни. Иако овие искуства се далеку од смешни, Крис се опишува како полицаец кој сака крофни и докажува дека и покрај сè, се обидува да остане позитивен.
1. Сообраќајка
„Во мојата 10-годишна кариера сум се соочил со многу сообраќајки. Повеќето се навистина мали и нема повредени. Но понекогаш без разлика на брзината, врзувањето со појас или што било друго, несреќите се фатални. Најлошата вклучуваше двајца пешаци – мајка и нејзината 5 или 6-годишна ќерка. Возачот возеше правилно и не ја надминуваше дозволената брзина. За жал жената беше пијана и во 10 или 11 часот навечер решила да ја земе и ќерка ѝ до бензинската. Бидејќи била премногу пијана почнала да го минува патот со ќерка ѝ без воопшто да внимава на сообраќајот. Мајката имаше само скршена нога, но малото девојче беше убиено. Среќен сум што не бев првиот на местото на настанот. Двајца колеги мораа да си заминат порано дома тој ден бидејќи беа навистина вознемирени. Никогаш нема да го заборавам настанот. Мислам дека никогаш не сум видел толку плачење на јавно место.“
2. Место на злосторството
„Во местото каде што работам, мнозинството од убиствата се од банди и се поврзани со дрога. Филмовите и сериите што ги покажуваат емотивните полицајци на местото на злосторството се лага. Сум сведочел на дузина убиства и не забележав ниту еден расплакан полицаец. Иако е сурово, ова е вистина најмногу бидејќи овие луѓе се жртви на нивните избори. Ова не значи дека сме плитки. Едноставно не можеме да покажеме емоции кон некој што бил член на банда и повредувал други. Справувањето со местото на злосторството е навистина тешко. Семејството и пријателите често сакаат да ја видат жртвата. Се обидуваме да покажеме сочувство кон овие луѓе, но понекогаш мораме да бидеме груби и да се закануваме со апсење ако ја преминат линијата. Не нè сакаат поради ова, но на овој начин ги штитиме доказите за успешно да го фатиме виновникот.“
3. Возење под дејство на алкохол
„Омиленото апсење за возење под дејство на алкохол започна кога еден загрижен граѓанин се јави за возило кое се движело по целиот автопат. Успеав да го стигнам и да го застанам. Возеше жена и пресилно мирисаше на пиво. Ја изнесов од автомобилот и веднаш почна да уринира на себе без воопшто да забележи. Ја прашав дали пиела нешто вечерва, и ми одговори не. Направивме неколку тестови како стоење на една нога, право одење и свртување. Кога ѝ рековме да застане на една нога, сфатиме дека ќе падне и пробавме да ја сопреме, но беше предоцна. Кога ја однесовме во станицата продолжи да уринира на себе толку многу што целосно си ги накисна панталоните и чевлите. Дури оставаше и отпечатоци на подот.“
4. Предозирање со хероин
„Предозирањето со хероин е огромен проблем. Мислам дека сме имале око 300 предозирања, од кои 40-60 беа фатални. Нарканот е одлична алатка, но и дел од проблемот. Корисниците не внимаваат на дозата што ја земаат бидејќи знаат дека ќе бидат спасени со Наркан. Уште полошо е што потоа одбиваат да одат во болница бидејќи откако ќе помине дејството на Нарканот, уште го чувствуваат хероинот. Не знам кое е решението, но веќе одамна немам сочувство кон зависниците кои имаат ресурси и алатки што ќе им помогнат да се излечат, а не ги користат. Имаше едно момче кое се предозираше речиси секој ден, цели 2 недели пред да умре. Имаше и бремена жена која се предозира и потоа се налути кога ѝ рековме дека можеби ќе ѝ го земат нероденото дете. Се чувствувам лошо за членовите на нивното семејство, но не и за зависниците.“
5. Кршење врата
„Изненадувачки е бројот на луѓе кои тврдат дека си ги знаат правата, кога всушност не ги знаат. Луѓето мислат дека додека се уапсени можат да си одат. Тие мислат и дека не можеме да влеземе во нивниот дом без налог. Еднаш еден колега одговори на повик за тепачка. Слушнал дека се случувало нешто внатре, тропнал, го најавил неговото присуство и тропнал уште еднаш. Бидејќи не добил одговор, ја скршил вратата и со уште еден полицаец начекале двајца браќа кои се тепале. И двајцата беа уапсени и бидејќи се семејство, тоа е домашно насилство, па не можеа да си заминат додека не се сретнат со судија наредниот ден. За среќа на семејството му беше јасно зошто ја скршивме вратата, па дури беа и благодарни бидејќи сме спречиле потенцијална несреќа.“