Поле со сини цвеќиња кое ќе ве хипнотизира

Поле со сини цвеќиња кое ќе ве хипнотизира

Верувале или не, овие бајковити полиња не се дигитални слики од нашите живи соништа, туку се реални фотографии направени во еден парк кој се наоѓа во близина на Хиташи, Јапонија. Овој парк опфаќа површина од 190 хектари и изобилува со најразновидни цвеќиња кои цветаат низ целата година.

Поле од цветови кое ќе ве хипнотизира

Најпознатите, „Nemophila“, доминираат за време на пролетта, особено во април, притоа создавајќи неверојатна глетка. Паркот е препознатлив по овие цветови кои се попознати како бебешки сини очи и кои привлекуваат голем број туристи и фотографи ширум светот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар