Покрај заразното проѕевање уште кои други работи се заразни?

Покрај заразното проѕевање уште кои други работи се заразни?

Некои однесувања се заразни, како што сигурно ви е веќе познато, постојат големи шанси да се насмеете или проѕевате во близина на некој што се смее или проѕева. Но, дали знаете дека постојат и други видови на однесувања кои се заразни? Прочитајте во продолжение за да дознаете кои се тие.

Истражувањата покажуваат дека дури и кучето во близина на сопственикот кој се проѕева веројатно ќе почне да зева, а единствената група која се покажала како имуна на проѕевање се психопатите. Станува збор за појава за која бихевиоралните психолози велат дека мозокот е посебно „осетлив“ за социјалната интеракција и поврзување. Така повторувањето на видливите мимики на луѓето во нашата близина е начин на кој се поврзуваме со нив и развиваме чувство на емпатија.

Постои цела низа однесувања за која всушност и не сме свесни дека можат да бидат последица на истиот механизам и да се пренесуваат како „зараза“ и тоа во некои случаи може да биде многу згодно „оправдување“ за некои наши постапки.

Склоност кон преземање ризици

Ризичното однесување е заразно. Потсетете се кога вашиот тинејџер ќе се однесува на ризичен начин. Имено, неодамнешна студија покажала дека кога сме во близина на луѓе коишто преземаат некој финансиски ризик, како на пример во кладилница, постои поголема веројатност дека и самите ќе се впуштиме во тоа.

Муртење заедно со другите

Истиот нагон што нè тера да се насмееме кога другите го прават тоа е одговорен и за муртењето покрај некој што се мршти. Можеби нема да развиете целосно чувство на лутина или омраза која е присутна кај другата личност, но движењето на вашето лице сигурно ќе биде слично на лицето коешто го има таа личност со која сте во друштво.

Студот се префаќа

Самото гледање на човек на којшто му студи и се тресе е сосема доволно за и ние да почувствуваме студ. Во една студија се покажало дека на луѓето коишто гледале видео снимка од други луѓе што ракуваат со лед, одеднаш им паднала температурата во рацете. Колку повеќе биле емпатични луѓето, толку падот на температурата бил поголем.

Непријатност на работното место

Ако некој е непристоен кон своите соработници тоа ќе им навести и на другите во опкружувањето да се однесуваат така. Бројни истражувања покажале дека жртвите на непријатните шефови или колеги често и самите биле многу непријатни кон другите.

Аплауз во театар

Знаете дека не е крај на претставата, туку само на еден дел, но кога луѓето во вашата близина одеднаш ќе започнат со аплаудирање и извикување „браво“ веројатно ни вие нема да одолеете да го направите тоа, колку и да ви е непријатно.

Страв од загуба

Ако блиска личност доцни при враќањето дома, можеби тоа нема ни да го забележите или ќе претпоставите дека задоцнила поради нешто, додека некој друг не изговори дека можеби се случило нешто страшно. Тогаш ќе се јави она непријатно чувство во желудникот и страв дека можеби нешто тргнало по зло.

Прочитајте зошто смеењето и муртењето се заразни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар