Поими за сексуалноста што сите треба да ги знаеме
Сексуалноста кај луѓето не е само црно или бело, а дефинициите за геј и стрејт не го покриваат целиот спектар на сексуални ориентации. Токму поради ова, цело време се појавуваат нови поими и дефиниции.
Според психологот и сексуален терапевт, Елизабет Вот од Вашингтон, прифаќањето на овие термини им помага на луѓето да разберат што се случува со нив и дека сексуалноста не зависи само од тоа кој кого привлекува и возбудува, туку е многу поширок поим.
Еве ја листата нас Вот со најчестите дефиниции поврзани со сексуалноста…
1. Лезбејство – Овој поим ја дава првата буква во популарната кратенка ЛГБТ (LGBT на англиски). Опишува сексуална, емотивна и романтична привлечност меѓу жените. Сепак, некои од овие жени се дефинираат себеси како геј.
2. Геј – Англиски термин, кој веќе е прифатен во повеќе јазици, а опишува личност која е емотивно, романтично и сексуално привлечена од друга личност од истиот пол. Најчесто се однесува за мажи, но го прифаќаат и жените.
3. Бисексуалност – Опишува личност која е емоционално, романтично и/или сексуално привлечена и од мажи и жени, но и од другите полови идентитети. Овие луѓе не се секогаш подеднакво привлечени од истиот или различниот пол, а се случува да се свесни за својата бисексуалност, но да излегуваат само со личности од спротивниот пол.
4. Трансродови лица – Ова всушност не е сексуална ориентација, но е полов идентитет, кога лицето се оградува од полот што го има од раѓање и прифаќа да биде претставник на спротивниот. Овие лица можат да ја имаат која било сексуална ориентација.
5. Квир (Queer) – Ова е термин од проширената кратенка (LGBTQ) и се однесува на луѓето кои не се идентификуваат строго геј или стрејт, но може и да се однесува на оние со променлив полов идентитет и ориентација.
6. Несигурни (Questioning) – Ова е често второто значење на буквата „Q“ во кратенката и опишува лица кои сè уште ја истражуваат својата сексуалност или полов идентитет.
7. Интерсекс – Овој термин се однесува на личност со комбинација од физичките карактеристики, особено половите, на мажите и жените. Некогаш се користеше поимот хермафродит, но во денешно време овој збор е старомоден, а во некои случаи и навредлив.
8. Асексуалци – Овие личности за себе велат дека не чувствуваат сексуална привлечност, ниту желба за да имаат партнер. Важно е ова да не се меша со целибатот, што е лична одлука да се апстинира од секс и врски. Често, асексуалните личности имаат секс, но без задоволство.
9. Аромантични (неромантични) – Тие лесно создаваат пријателства, но речиси никогаш не чувствуваат романтична привлечност, а изостанува и желбата за врска.
10. Стрејт (хетеросексуалност) – Познат поим, кој се однесува на личност која е сексуално, емоционално и романтично привлечена од друга личност од спротивниот пол.
Уште 10 поими на следната страница…