Погледнете во вашата дланка: Што ви вели оваа линија за среќата во љубовта?
Лакот може да биде затворен, така што да изгледа како круг, но може и да биде составен од повеќе лакови. Оваа област се нарекува Венерин круг или љубовен појас.
Немојте веднаш да се разочарате ако ја немате оваа линија на дланката, бидејќи таа не се поврзува со добри новости, туку само ги обележува оние луѓе кои се емотивно чувствителни, односно луѓето кои се склони на љубовни проблеми.
Ако вашиот Венерин круг е затворен, односно полн, тоа значи дека вие ќе доживеете голем број разочарувања во љубовта. Ако го имате овој круг на вашата дланка, тогаш најдобро е да не ги сфаќате овие разочарувања толку сериозно и фатално, туку како еден вид лекции. Секој мора да научи одредени тешки лекции во животот, но за вас тоа ќе биде љубовните.
Ако линијата е во облик на полукруг, тоа значи дека во еден период од вашиот живот ќе имате потешки љубовни проблеми, но ќе најдете начин како да се справите со нив и да ги надминете. Потоа ќе бидете посилни.
Ако постојат повеќе лакови, тоа значи дека вие сте едноставно премногу емотивна и чувствителна личност. Ретко кој може да се носи со вашата специфична чувствителност, па токму затоа може ќе ви биде потребно повеќе време за да го најдете вистинскиот партнер за вас.