Погледнете што направил овој човек за својата внука која се плашела да носи фустан во кино на новиот филм за Пепелашка
Џеси Нејги има 4-годишна внука, Изи, која навистина сакала да се облече како принцеза кога ќе оди во кино да го гледа новиот филм за Пепелашка, но се плашела дека никој друг нема да биде така облечен и дека таа ќе се издвојува. Токму тогаш 26-годишниот актер (кој има тетоважи и мускули) решил да се облече како принцеза за Изи да не се чувствува сама во тоа.
Нејги го позајмил матурскиот фустан од една негова пријателка, ставил тијара, земал мала ташничка и… па, добро не облекол штикли, ама мислиме дека тоа е сосема во ред со оглед на фактот што излегол во јавност облечен како принцеза.
„Ако тоа ја прави среќна, јас ќе го направам. За ништо друго не се грижам“, вели тој. И ние целосно се согласуваме. Секој би требало да прави сè што е во неговата моќ за да измами насмевка на лицата на малите дечиња. Браво Нејги, ти си одличен модел за однесување!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.