Погледнете што ќе се случи ако фрлите пенлива бомба за капење од 900 килограми во базен?

Погледнете што ќе се случи ако фрлите пенлива бомба за капење од 900 килограми во базен?

Кога станува збор за пенливите купки, т.н. бомби, колку се поголеми и поароматизирани, толку подобро. Зарем постои човек, којшто не сака повремено да полежи во када полна со топла вода да ужива во разните бои, успокојувачки мириси, па дури и малку разнобојни светки, за уште поволшебно уживање?! Но, дали некогаш сте се запрашале како би изгледала најголемата пенлива бомба во светот?

Погледнете што ќе се случи ако фрлите пенлива бомба за капење од 900 кг во базен?

Луѓето коишто стојат зад Јутјуб каналот Vat19 биле љубопитни да го откријат тоа, па затоа решиле да направат купка-бомба со тежина од 900 килограми и да ја пуштат во базен, за да видат што ќе се случи.

На каналот Vat19 можете да видите разни креативни откачени видеа, коишто вклучуваат разни подароци, бонбони, играчки и загатки, чија цел е да го откријат одговорот на некои смешни предизвици, кои ќе ги задоволат дури и најљубопитните умови. Неодамна, креаторите на каналот направија и видео во коешто полнат када со маршмелоу бонбони и влегуваат во неа да се „капат“ чисто за забава, па полнењето на базен со огромна пенлива бомба, не е ништо невообичаено за нив.

Погледнете што ќе се случи ако фрлите пенлива бомба за капење од 900 кг во базен?

Овој експеримент започнал кога креаторите забележале дека мала пенлива бомба, може да ја поцрни целата вода во една полна када, па се запрашале колкава бомба ќе биде потребна, за да се промените бојата на целата вода во базен.

Погледнете што ќе се случи ако фрлите пенлива бомба за капење од 900 кг во базен?

За оние коишто обожаваат пенливи купки и не им пречи да трошат половина од својата плата на такви продукти, ова видео ќе преставува вистински рај за нив.

И покрај тоа што овој експеримент изгледа многу смешно, интересно е да се спомене дека воопшто не е лесно да се изведе. Најпрво, креаторите морале да изработат огромен калап од фибер-стакло, во којшто ќе ја собере најголемата пенлива купка во светот, а потоа и да употребат огромни количества пченкарен скроб, лимонска киселина и сода бикарбона, за да ја создадат. Целиот процес морале да го повторат шест пати, за да го наполнат целиот калап со купка. Откако завршиле, ја печеле бомбата на сонцето цел ден, го пресекле калапот и ја пуштиле во базенот. Крајниот резултат, тотално ќе ве воодушеви.

Може да ве интересира и како да направите сами миризливи и шарени кугли за бањање?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар