Погледнете кои се најинтересните градови во светот што вреди да ги посетите - Part 3

Погледнете кои се најинтересните градови во светот што вреди да ги посетите

Вонземски град

Погледнете кои се најинтересните градови во светот што вреди да ги посетите

Во 1947 година, НЛО слетало во близина на градот Росвел во Њу Мексико. Постоеле големи дебати околу тоа за каков објект станува збор, но Росвел сепак стана познат како Вонземски град. Во ова место се одржуваат тематски фестивали посветени на вонземјаните и дури и локалниот Мекдоналдс е украсен со слики од вонземјани.

Град на отворено море

Погледнете кои се најинтересните градови во светот што вреди да ги посетите

Нефт Даслари или „Нафтени карпи“ е индустриски град во Азербејџан. Тој се наоѓа на метални платформи на отворено море над нафтени полиња. Градот нема постојани жители. Околу 2.000 луѓе доаѓаат да работат тука во смени во период од неколку месеци.

Град во карпа

Погледнете кои се најинтересните градови во светот што вреди да ги посетите

Градот Сетенил де лас Бодегас во Шпанија привлекува туристи од целиот свет поради тоа што е изграден во огромна базалтна карпа. Тука има улици каде што можете да видите камења над главите наместо небо. Се чини како да ќе паднат во секој момент, но всушност се безбедни бидејќи не ја смениле нивната положба веќе со векови.

Град каде што мртвите се побројни од живите

Погледнете кои се најинтересните градови во светот што вреди да ги посетите

Во градот Колма во Калифорнија има 17 гробишта. Бројот на мртвите е поголем од живите за 1.000. Ова се случило затоа што властите некогаш решиле да ги преместат гробиштата од Сан Франциско и сите тела биле погребани тука. Популацијата на градот ја сочинувале само гробари, цвеќари и изработувачи на надгробни плочи, но во 1980-тите почнале да се доселуваат и луѓе со други професии. Денешното мото на градот гласи: „Супер е да се биде жив во Колма!“

Погледнете ги и следниве 9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува таму.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар