Погледнете кои се најинтересните градови во светот што вреди да ги посетите
Последниот слободен град
Слаб Сити е калифорниски град населен со бездомници, пензионери и луѓе кои немаат каде да одат. Овде луѓето живеат во приколки и импровизирани колиби без вода, струја и адреси. Исто така, не постојат јавни институции и нема даноци и кирии. Сето ова можеби ви звучи многу непријатно, но луѓето кои го посетиле местото тврдат дека станува збор за многу удобно гратче. Граѓаните го нарекуваат нивниот град „последниот слободен град во Америка“.
Пештерски град
Матмата во јужен Тунис е град каде што берберските подземни живеалишта се сѐ уште населени. Во 1970-тите години биле изградени куќи на површината, но голем дел од жителите претпочитаат да живеат во нивните традиционални домови. Фановите на филмот „Војна на ѕвездите“ ќе го препознаат ова место како домот на Лук Скајвокер.
Град под еден покрив
Целиот град Витиер во Алјаска се наоѓа во 14-катна зграда која порано била воена институција. Таму се наоѓаат и сите продавници, полициска станица, болница и црква. Целта била да се заштеди на греење бидејќи времето е многу ладно и ветровито речиси цела година. Бројот на жители во градот изнесува само 220.
Најсиниот град
Ѕидовите, вратите, па дури и скалите во прекрасниот град Шефшауен во Мароко се обоени во разни нијанси на сино. Се верува дека тие биле обоени од страна на Евреите кои живееле тука, бидејќи сината е нивната света боја. Во градот нема повеќе Евреи, но традицијата останала.
Преминете на третата страница за последните необични градови…