Претходно
Погледнете како се славеше ширум светот… Среќна Нова година!
Градовите ширум светот весело ја дочекаа новата 2016 година, со неверојатни претстави од огномет, забавна музика и импресивни светлосни шоуа.

Експлозија на огномет пред Кулите Близначки Петронас во Малезија, во текот на новогодишната прослава во Куала Лумпур
Јужниот Пацифик и островот Самоа беа првите што зачекорија во новата година. Подолу погледнете како градовите низ светот ја поминаа ноќта спроти новата 2016 година.