Погледнете како изгледаат костимите за капење од „Викторија Сикрет“ на обичните жени
Неколку обични жени кои работат во „Buzzfeed“ решиле да ги пресоздадат сцените од фотосесија на Викторија Сикрет посветена на костимите за капење. Фотосесијата се одвивала на плажа во Малибу каде секоја жена одбрала по една поза и се обидела да ја рекреира така што таа да наликува што е можно повеќе на оригиналната фотографија од Викторија Сикрет. Иако постоеле многу можности за откажување и срамење од своето тело, ова искуство било многу позитивно за нив.
Еве го резултатот заедно со нивните моќни пораки за убавината и прифаќањето на своето тело.
1. Кристин
„Навистина е тешко да бидете објективни кога станува збор за сопственото тело. Затоа, кога некој ќе ви даде комплимент, треба да му верувате.“
2. Нина
„Не се споредувајте со манекенките. Малкумина изгледаат како нив.“
3. Шеридан
„Не мора да изгледате како Беати за да носите костим за капење. Правете го она што ве прави среќни и на крајот ќе бидете ОК.“
4. Лара
„Можеби не сме сите манекенки, но светот е писта за СИТЕ нас. “
5. Алисон
„Мислам дека секој, барем еднаш во живот, треба да се фотографира на плажа носејќи костим за капење… Тоа е навистина забавно искуство кое на некој начин ви помага да ги надминете своите несигурности.“
6. Кирстен
„Убавината не значи да имате совршена кожа и да немате сало. Имањето самодоверба и зрачењето на таа самодоверба од вас ве прави убави, сосе сите ваши маани.“