Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер
Сите објекти, мали или големи создаваат сенка, а тука спаѓаат и планините. Но, еден специфичен врв на планина се однесува на карактеристичен начин. Тој не прави сенки на земјата, туку нагоре во облаците. Како е ова возможно?Планината Реинир е масивен вулкански врв кој се наоѓа на 87 километри југоисточно од Вашингтон, САД а височината на нејзиниот врв изнесува 4.392 метри. Не постојат други планини со таква височина во околината, па токму поради тоа Реинир е најиздигнатата планина во цела Америка.
Во денови кога небото е чисто, врвот доминира во југоисточниот хоризонт и може да се види од далечина од Портланд, Орегон, Викторија и Британска Колумбија. Но, во облачните утра кога облакот е на одредена височина, при изгревот, сонцето го осветлува врвот на планината одоздола и притоа фрла долга сенка на долната страна од облакот.Ова се случува само во текот на есента и зимата кога сонцето изгрева подалеку на југ и е во определена положба при која планината Реинир ги блокира првите зраци од утринската светлина. Погледнете ги фотографиите на различни фотографи, кои совршено го уловиле овој фантастичен природен феномен.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.