Погледнете ја најстарата слаткарница во Париз

Погледнете ја најстарата слаткарница во Париз

Како главен град на слатките во светот, во Париз никогаш нема недостаток од слаткарници. За да успеат во морето со неверојатни десерти, тамошните слаткари мораат да докажат дека навистина се добри, а сопствениците на продавницата за слатки À La Mère de Famille веќе два и пол века го прават тоа.

Погледнете ја најстарата слаткарница во Париз

À La Mère de Famille била основана во 1761-ва година, од страна на младиот продавач Пјер-Жан Бернард. Откако се преселил во срцето на Париз, Бернард отворил продавница на улицата Faubourg Montmartre. Овде, тој ги привлекувал парижаните со неговите слатки специјалитети – од колачи, па сè до тегли мед.

Денес нов тим производители на слатки продолжуваат да го одржуваат духот на продавницата. Во 2000-та година, Етиен Долфи кој во тој период работел како слаткар во продавницата, го презел бизнисот со неговите деца. Оттогаш, низ Париз се отвориле уште 10 вакви слаткарници, кои нуделе старомодни десерти како кандирано овошје и бисквити кои се нивен специјалитет.

Погледнете ја најстарата слаткарница во Париз

Сепак, и покрај новите локации, продавницата на Faubourg Montmartre останува омилена. Како најстарата слаткарница во градот, овој објект секогаш ќе има посебно место во богатата историја на Париз.

„После продавање на најдобрите производи цели два и пол века, историската продавница сега е легендарна адреса чија фасада не е променета од крајот на 19-тиот век. Ова не е само продавница, ова е извонредно наследство кое секогаш ќе може да понуди нешто ново“, изјавиле сопствениците.

Погледнете ја најстарата слаткарница во Париз

Погледнете ја најстарата слаткарница во Париз

Погледнете ја најстарата слаткарница во Париз

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар