Погледнете го вашиот мал прст: Неговата форма открива многу важна работа за вас!
Обликот на прстите е поврзан со типот на личноста, па дури и со чувствителноста на некои емоционални нарушувања. За да дознаете нешто што можеби досега не сте го знаеле за себе, сѐ што треба да направите е да го анализирате обликот на малиот прст на раката. Каква форма има тој?
Меланхоличен тип кој секогаш игра фер
Луѓето од овој тип често се затворени и не ги покажуваат своите чувства. Некои мислат дека имаат силна личност и храбро ја поднесуваат несреќата, што не е секогаш точно. Тие всушност се премногу чувствителни, но заради нивното однесување честопати ги сметаат за ексцентрични, па дури и агресивни. Тие секогаш сакаат да ги извршат задачите кои им се доделени и не бараат изговори. Мрзат лицемерство и лаги и се обидуваат секогаш да бидат фер, а значајни им се врските со пријателите и семејството на кои се посветени.
Несигурни и пожртвувани
Овие луѓе се тврдоглави и исклучително одлучни, односно кога ќе си зацртаат некоја цел, не се откажуваат додека не ја постигнат. Заради тоа, многумина ги сметаат за многу силни и нечувствителни, но тоа не е точно. Таквите луѓе имаат огромно срце кое е многу лесно да се повреди. Овој тип луѓе мразат осаменост и потребен им е близок сопатник. Тешко поднесуваат губење и одвоеност, дури и онаа краткотрајната. Треба да запомните дека некогаш е најважно да се препуштите и да не трчате по сите цели по секоја цена.
Интроверти кои избегнуваат ризични ситуации
Тие не сакаат нови и непознати предизвици. Ги сакаат своите домови и нивните мирни животи, се врзуваат за луѓето, но не сакаат да имаат контрола над нив. Кога ќе се најдат во некоја расправија, прават сѐ за да ја убедат другата страна дека тие се во право. Истовремено, тоа се луѓе кои може да признаат грешка, тешко се навредуваат и може да прифатат извинување дури и кога се чувствуваат многу повредено. Мразат лаги и преправања, така што секогаш се обидуваат да бидат искрени. Ги уважуваат туѓите мислења и ги почитуваат. Имаат голема интуиција и своите емоции не ги споделуваат дури ни со најблиските. Таквото однесување е погрешно и честопати може да биде самодеструктивно.
Откако ја одредивте формата на вашиот мал прст, време е да го погледнете изгледот на вашиот палец кој открива какви сте во љубовната врска.