Погледнете го овој ретривер кој несебично им дели прегратки на сите луѓе што ќе ги сретне
Ако ви треба прегратка за Денот на вљубените, упатете се кон Челзи во Њујорк каде што ќе можете да се запознаете со Лубутана, славното куче што има повеќе од 58 илјади следбеници на Инстаграм. Овој златен ретривер што го носи името на францускиот дизајнер на чевли, поминува околу 2 часа дневно во гушкање луѓе кои ги запознава на улица за време на нејзините прошетки.
„Не станува збор за обична прошетка. Тоа е прошетка со гушкање“, изјавил нејзиниот сопственик, 45-годишниот Фернандез-Чавез.
„Многу луѓе велат дека таа им го направила денот… На пример, имале лош ден на работа и токму она што им требало било топла прегратка“, додал гордиот сопственик.
Сѐ започнало на Денот на вљубените во 2014 година кога Лубутана почнала да се држи за рака со нејзиниот сопственик откако тој раскинал со девојката.
„Таа почна да седи исправено на две нозе, да ми ги држи рацете со двете шепи и потоа да ја префрла едната шепа врз другата. Се сеќавам дека се шегував со другарите дека барем имам со кого да се држам за рака за Денот на вљубените“, открил Фернандез-Чавез.
Фернандез-Чавез набрзо сфатил дека на целиот свет му треба љубовта што неговото куче може да ја понуди и тој несебично почнал да ја споделува со сите луѓе што ги сретнувал на улица.
Зар некој би можел да одбие ваква топла и искрена прегратка?!