Погледнете го овој цртеж внимателно: Што прво ви паѓа во очи?

Погледнете го овој цртеж внимателно: Што прво ви паѓа во очи?

Овој цртеж може да ја погоди вашата моментална ситуација со 96-процентна сигурност. Па, ајде, погледнете го и размислете, што прво забележувате на него? Дама со чадор, човек со виткана коса, едрилица или дим од оџак? Откако ќе ја видите формата, продолжете надолу за резултатите.

Погледнете го овој цртеж внимателно: Што прво ви паѓа во очи?

1. Дама со чадор

Дамскиот чадор е симбол за аристократија, кралство и царство. Исто така, чадорот е симбол на врската помеѓу небото и земјата. Тоа значи дека вие сакате да се заштитите себеси од овој свет, луѓето и друштвото, но отворени сте кон небото. За вас небото е како простор за одмор и креативност. Одморете се, свртете се повеќе кон себеси, креативноста и духовното.

2. Маж со виткана коса

Тој е симбол на лукавост, идеи и реализација која ќе допринесе за остварување на посакуваните цели. Многу е важно да не се претера, бидејќи целта ќе ја изгуби својата вредност. Исто така ве чекаат интересни промени. Конечно ќе ја имате потребната сила и снаодливост. Време е за акција и успех.

3. Едрилица

Во вашиот дом ќе дојде благосостојба. Вие сте личност со просперитети, со големи планови и јасни цели. Многу е важно вашиот брод да не потоне од товар, чувајте се себеси и своето здравје. Поминувајте повеќе време со семејството и најблиските.

4. Дим од оџак

Димот ја симболизира душата која го напуштила телото. Вие сте премногу зафатени со својата работа, а вашата душа бара спокој. Таа вриска по вас, па време е да ја послушате и „нахраните“. Негувајте ја вашата душа бидејќи таа ве прави вистинските вие, сè останато е минливо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар